Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: септември 2016

КУРСЕВИ ЗА ШМИНКА – 6та година континуитет

Направете ги другите среќни истакнувајќи ја нивната убавина!
Научете од професионалци и отворете си можност за свој бизнис!

 

1. КУРС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА
Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, без разлика на возраста, имаат талент и предиспозиции да се занимаваат со тоа и сакаат да си отворат можности за заработка од шминкерството како професија.

НА КУРСОТ ЗА ШМИНКА ќе ги научите основите на професиналната шминка како и последните техники од популарните мејкап трендови како contouring, strobing, итн. и преку практични вежби на час ќе ги усвоите техниките на големите make-up артисти.
За време на курсот постапно ќе стекнете знаење за разни стилови и типови на шминка низ детално практично увежбување, а по обуката ќе имате можност за шминкање на јавни настани, фотосесии и снимања. На крај на курсот, работите на финален проект кој завршува со изложба на фотографии со ваша најуспешна шминка и сертификат.

Ќе научите да шминкате од докажани и едуцирани професионалци со богато портфолио, кои несебично се трудат да ви го пренесат нивното знаење.

Досега ЕВА организираше многубројни успешни курсеви за шминка кои завршија со изложба на фотографии со шминката на курсистите, а за дел од учениците и со пракса и можност за професионален ангажман.
Покрај часовите и знаењето кое едукаторот несебично го дава, добивате:
- Можност за одложено плаќање на РАТИ
- Вклучени МАТЕРИЈАЛИ за работа на час (скрипти, шминки, четки)
- ПОДАРОК СЕТ со шминки за идна употреба
- Живи МОДЕЛИ за работа на час
- 10% попуст на СЕТ ПРОФЕСИОНАЛНИ ЧЕТКИ за работа (минимум 7 вклучени)
- 10% попуст на професионално make-up КУФЕРЧЕ за шминки
- ВАУЧЕР со 15% попуст на курсевите во ЕВА за цела 2016 и 2017 година
- до 15% попуст на професионален сет шминки од брендовите со кои соработуваме
- СЕРТИФИКАТ
- ИЗЛОЖБА на фотографии со ваша шминка
- Професионална ФОТОГРАФИЈА од моделот со вашата финална шминка за во вашето портфолио
- 20% попуст за организирање на ваша професионална фотосесија со 3 различни модели/шминки за идна промоција на вашата работа
- 20% попуст за изработка на ваша интернет страна за ваша промоција како make-up артисти

Програмата на курсот за шминка опфаќа:
- Вовед во материјалите кои ги користи еден професионален шминкер
- Соодветна хигиена на четките и материјалите кои се користат
- Типологија, физиономија и третман на кожата во склад со нејзината подготовка за шминка
- Студирање и проучување на различни типови на лица (идеален лик, тенови, облици, структура на кожа) и нивни корекции
- Обликување на веѓи
- Надградба на трепки
- Креирање на совршени подлоги и нивната важност
- Декоративна козметика
- Убавината низ историјата (иконите на убавината и нивниот фокус на шминката кои денес инспирираат модни трендови ) – изборен час
- Убавината во 20-от век (низ модата и филмот ) – изборен час
- Актуелни модни трендови и креација на нови
- Природна шминка (No make-up make-up/ Nude make-up)
- Техника на контурирање
- Техника “Strobing”
- Корективнa шминка
- Сценска шминка
- Невестинска шминка
- Шминка за ТВ снимања, спотови и фотосесии
- Вовед во театарска шминка – изборен час
- Вовед во филмска шминка – изборен час
- Совети за make-up пазарот во Македонија
- Пристап со клиенти

Наставата трае 6 недели, за време на викенд, секоја недела по 4 часа од 60 минути, вкупно 24 часа.

Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за шминка”.

Редовна цена на курсот е 350 евра со можност за плаќање на 2 рати.

Покрај основниот курс за професионална шминка, ЕВА ви овозможува со регистрација за време на летото 2016, промотивни цени на следниве викенд курсеви за шминка:

2. КУРС: НАШМИНКАЈ СЕ САМА
Убавината е во вашите раце!

Наместо да трошите на скапи шминкери, научете да се шминкате сами! За разлика од шминката, оваа инвестиција ќе ви трае!
Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да научат како правилно да се шминкаат, соодветно да ја изберат и нанесат шминката што совршено ќе им прилега на обликот на лицето и тенот, со цел најдобро да ја истакнат својата убавина. Учесниците ќе имаат можност да научат неколку различни техники и стилови на шминкање.

Траење: 2 недели, 4 дена, во сабота и недела, 12 часа од 60 минути.
Цена со попуст: 169 евра.

3. КУРС: НЕВЕСТИНСКА ШМИНКА
Проширете го знаењето и заработете!

Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да се специјализираат и да ги усовршат make-up техниките што ќе им помогнат да создадат перфектна, долготрајна, јака или свежа невестинска шминка. Научете ги техниките за најбараните стилови на невестинска шминка и овозможете и' на невестата да заблеска на најсреќниот ден.
Курсот е неверојатно корисен за оние кои работат во салони за убавина и оние кои имаат претходно познавање од шминка и сакаат да се надградат. Ќе се формираат посебни групи и за почетници.

Траење: 3 недели, 6 дена, во сабота и недела, 18 часа од 60 минути.
Цена со попуст: 269 евра.

4. КУРС: АРТ ШМИНКА
Трансформирајте за да создадете карактер!

Овој курс е наменет за професионалци или аматери со претходно познавање или искуство со шминка, кои сакаат да ги усовршат своите вештини и да се специјализираат за артистичка/карактерна шминка.
Овој тип на шминка е баран и потребен за разни цели во областа на маркетингот и снимањето на ТВ реклами; мода, тематски, модни шоуа и модна фотографија; уметност, танцови и сценски перформанси, театар/детски театар итн.

Траење: 4 недели, 8 дена, во сабота и недела, 24 часа од 60 минути.
Цена со попуст: 369 евра.

Имате можност да учите од водечките и најистакнати make-up артисти, со богато портфолио на проекти и настани позади себе, како и големо искуство во областа.
Пријавување и информации на e-mail: contact@tc-eva.com и eva.center@yahoo.com и на тел. 02/ 3 256 262 и 078/ 23 13 23.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за шминка”.