Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: мај 2014

ЛЕТНАТА ШКОЛА ОХРИД 2014 (20 - 27 јули)

По успешната Летна школа - Охрид 2013, ЕВА најавува нова и надградена Летна школа – Охрид 2014

Пакет 1 наменет и за деца и за возрасни (секоја програма прилагодена на возраста) Пакет 2 Пакет 3


Учесниците можат да изберат една од понудените програми:
• Музика (пијано и солфеж)

• Цртање и сликање

• Англиска драма

• Англиски јазик

• Конверзација англиски јазик

• TOEFL

• IELTS

• Семинар за комуникациски вештини

• Курс по креативно пишување

• Школа за правилен и здрав начин на живот

Вклучува: курс за здрав начин на исхрана, зумба курс, танцови чекори, вежби за градење и зацврстување на телото, спорт и спортски игри, советување за зголемување или намалување на килограми)

+ сместување, оброци и дополнителни активности

Цена: 12.900 денари
Курс по ФОТОГРАФИЈА

• Интензивен курс по 4 часа на ден распоредени 2 наутро и 2 навечер

• Курсот вклучува пејзажна, модна, сценска, ноќна фотографија , како и изложба на ваши фотографии во Скопје

+ сместување, оброци и дополнителни активности

Цена: 21.530 денари
Курс по ШМИНКА

• (Интензивен курс по 4 часа дневно, од кои 2 наутро и 2 навечер

• Можност за учество и шминкање на модни едиторијали, емисии, проекти

• Курсот завршува со изложба на фотографии со ваша шминка

• Најдобрите еден или двајца слушатели од курсот ќе добијат професионален ангажман како асистенти шминкери на make-up артистката – предавач на курсот)

+ сместување, оброци и дополнителни активности

Цена: 27.680 денари

Пакет 4 Пакет 5 Пакет 6
КОМУНИЦКАЦИСКИ ВЕШТИНИ
ПРЕГОВАРАЊЕ И РЕШАВАЊЕ КОНФЛИКТИ
РАБОТА ВО ТИМОВИ И МОТИВАЦИЈА
ПРОДАЖБА И ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ


Дводневни семинари кои се состојат од вкупно 10 часа.

+ сместување, ручек и кафе-паузи

Цена: 6.400 денари
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА СТРАНЦИ
MACEDONIAN LANGUAGE FOR FOREIGNERS


Интензивен курс по 4 часа на ден распоредени 2 наутро и 2 попладне.

Intensive course consisted of 4 classes per day, 2 in the morning and 2 in the afternoon.

Курсот се води на англиски јазик

English is the language of intstruction.

+ сместување, оброци и дополнителни активности

Цена: 21.530 денари
Курс за НОКТИ

Базна гел техника

• Обработка и подготовка на ноктните плочки

• Изливање и обликување на ноктите

• Зајакнување на природните нокти со траен French

• Корекција

• Основи на nail art

• Гел лак техника и сенчање со гел лакови

ТРАЕ 4 ДЕНА

+ сместување, оброци и дополнителни активности

Цена: 24.600 денари

ЛЕТНАТА ШКОЛА ОХРИД 2014 е несекојдневна можност за тинејџери, студенти и возрасни да се помине необично лето и да се спои едукацијата, креацијата и забавата во едно. Оние коишто ќе се дел од неа имаат можност да изберат еден од пакетите кои нудат различни програми: курсеви по применета уметност, фотографија, шминка, нокти, јазични курсеви, англиски јазик - конверзација, македонски јазик за странци, англиска драма, креативно пишување, сликање, музика, подготовки за меѓународните испити TOEFL и IELTS и семинар за комуникациски вештини, преговарање и решавање конфиликти и школа за правилен и здрав начин на живот.

Секој од пакетите вклучува сместување во хотел “Конгресен центар” – Охрид, веднаш до езеро и три оброци на ден и активности како нуркање, спортски активности со професионални тренери (фитнес, зумба, спортски игри и водени забавни игри) бродски тури, посета на автентични места и вечерни забави. Во цената на секој пакет вклучени се и наставни материјали и сертификат.

Наставата се одвива дел во природа дел во конференциските сали на самиот хотел.

После курсевите фотографија и шминка следи изложба на фотографии во Скопје и можност за пракса, а после курсот по англиска драма следи мини претстава каде младите актери ќе имаат можност да се претстават пред публика. Курсистите по шминка во пакетот имаат вклучено работен материјал.

Плаќањето е возможно да се изврши на неколку рати, а последната рата мора да се исплати до крајот на летната школа.

За малолетници е потребно писмено одобрување од родителите.

Групите и програмите се прилагодени на возраста.

За двајца од исто семејство, или истворемено пријавени колеги од факултет или работа 5% попуст за секој од нив.

Пријавување најдоцна до 5-ти јули со плаќање на првата рата на трансакциска сметка 210-067122310140 - НЛБ Тутунска банка АД Скопје со цел на дознака “За Летна школа Охрид 2014 – пакет бр...”.

За подетални информации и пријавување, контактирајте нè на: 078/ 23 13 23 или 02/3256-262 или на e-mail: eva.center@yahoo.com, contact@tc-eva.com со полно име и презиме и телефон за контакт.