Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Објавено: март 2017

КУРС ЗА ФОТОГРАФИЈА

Откријте го светот преку вашите објективи!
Научете да раскажете приказна преку фотографија!

6 години континуитет, 19 успешно реализирани курсеви, 13 организирани изложби и над 250 обучени фотографи.

Фотографија како хоби, фотографија како страст, фотографија како уметност, фотографија како јазик фотографрија како кариера – која и да е вашата дестинација, Центар за обука ЕВА е вашиот јак старт.

Во ЕВА едуцирајте се и инспирирајте се од едуцирани, признати и страсни фотографи-предавачи со богато портфолио и докажани во повеќе фотографски области, ЕВА ви овозможува гарантирано квалитена обука, знаење и можности. За време на обуката фотографите - предавачи ве менторираат и надвор од часовите, комуницирајќи со вас online и давајќи ви насоки и коментари за испратените фотографии во врска со проектите и настаните на кои се фотографира за време на курсот, како дел од вежбите.

Курсот за основи на фотографија има за цел целосно да ве воведе во областа на фотографијата и во детали да ви даде лесно разбирливи информации кои ќе ви послужат за развивање на практичното знаење и чувството за фотографија.

Преку овој курс ќе ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во моќни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност.

Наставата вклучува теоретска сесија за основи на фотографијата, запознавање со историјата и развитокот на истата, многу вежби и примери, фотографирање на терен, на различни субјекти во реални ситуации и настани, на многу локации, како и фотографирање во студио.

На крајот на курсот, се работи на фотосесија, фотографски проект под менторство на предавачот, од кој треба да произлезат фотографии со кои ќе се претставите на завршната изложба.

После успешно завршениот курс се доделуваат сертификати.

ПРОГРАМА:

1.Основи на фотографијата (историја/важност)
- Историски податоци за започнувањето на првите фотографии
- Позначајни имиња и епохи
- Мрежи, начини и стратегии за промовирање на фотографиите
- Делови на апаратот и технички карактеристики
- Видови објективи и функции
- Мануелно подесување
- Формати на фотографија и дигитални фајлови

2. Композиција
- Рамка и кропирање
- Подесување на дневно светло
- Контраст
- Патерни
- Перспектива и длабочина
- Фотографирање во природа

3. Минимализам
-Вовед и примери
- Основни карактеристики
- Вежби

4. Архитектура/Ентериер
- Вовед (ентериер и екстериер)
- Вежби ентериер
- Вежби екстериер

5. Репортажна фотографија
- Вовед и значење на репортажната фотографија
- Етика и универзални правила
- Симболика
- Фотографирање на терен

6. Макро фотографија/Stock фотографија/Ноќна фотографија
- Основен технички вовед
- Макро фотографија
- Вовед во Stock фотографија
- Ноќна фотографија

7. Работа во студио
- Едитирање во Photoshop (Stock фотографија)
- Подесување и поставување на светло
- Работа со блиц
- Фотографирање на портрети во студио
- Дискусија и едитирање

Пријавување и информации на contact@tc-eva.com и 078/23 13 23 и 02/ 3 256 262 или во просториите на Центар за обука ЕВА, Центар - Скопје, секој работен ден од 14:00 до 22:00 часот.