Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Школа за новинари

Школата е наменета за оние кои се гледаат како идни новинари, кои имаат талент и афинитет за тоа, основци или средношколци кои сакаат да студираат новинарство, или лица кои немале можност, но имаат желба да научат и да си отворат можност за тоа.
Предвидени се гостувања на повеќе новинари кои ќе зборуваат за своето искуство. Часовите ќе се изведуваат интерактивно и со примери од дневниот печат.
Работата е во групи според возраста, а тежината на програмата и примерите се прилагодени според возраста на слушателите. Бројот на слушатели е ограничен.
На крај на школата, некој од слушателите ќе добие можност за стекнување на професионално искуство во еден од нашите реномирани медиуми.

Траење на школата
3 месеци, 2 часа х 60 мин. или 1 час х 120 мин., секој викенд. (Школата можат да ја посетуваат и лица кои не живеат во Скопје).

Цена
9.000 ден.

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com најдоцна до 22 септември.

Почеток
Првиот викенд од октомври.
Бројот на слушатели е ограничен.

Кратка програма:
1. Eтиката во новинарстовто
2. Принцип АБЦ - точно, кратко и јасно
3. Правила за пишување вест
4. Новинарски жанрови
5. Информативни жанрови - информација - поим
6. Извори на информација
7. Aктуелност
8. Вест во низа
9. Флеш, антрфиле, коминике, протоколарна, занимлива вест, ситна вест
10. Извештај
11. Аналитички жанрови, коментар
12. Статија
13. Новинарска критика
14. Белетристички жанрови, репортажа
15. Цртица
16. Патопис
17. Интервју и видови интервјуа
18. Задача на новинарот - вест или коментар
19. Право на информација и јавност

Школа за водители

Школата е наменета за оние кои се гледаат како идни водители, кои имаат талент и афинитет за тоа, основци или средношколци кои имаат страст за медиумите и сакаат тоа да го работат во иднина, или лица кои немале можност , но имаат желба да научат и да си отворат можност за тоа.
Предвидени се гостувања на повеќе водители кои ќе зборуваат за својата работа, ќе споделат искуства и совети. Часовите ќе се изведуваат интерактивно и со примери од медиумскиот живот.
Работата е во групи според возраста, а тежината на програмата и примерите се прилагодени според возраста на слушателите.
На крај на школата, некој од слушателите ќе добие можност за стекнување на професионално искуство во еден од нашите реномирани медиуми.

Траење на школата
3 месеци, 2 часа х 6 0мин. или 1 час х 120 мин., секој викенд. (Школата можат да ја посетуваат и лица кои не живеат во Скопје.)

Цена
9.000ден.

Пријавување и информации на 078 23 13 23, или на е-пошта eva.center@yahoo.com најдоцна до 22 септември.

Почеток
октомври.
Бројот на слушатели е ограничен.

Кратка програма:
• Вербална комуникација

1. Подготовка за тема
2. Нема лош соговорник има само лош водител
3. Гостинот е изворот на информација
4. Водителот во позиција на гледач
5. Реторика
6. Стилистика

• Невербална комуникација

7. Вежбање дикција
8. Психологија на говор на тело
9. Гестови со дланка
10. Гестови со раце
11. Гестови со глава
12. Прекрстени нозе
13. Сигнали со очи
14. Распоред на седење