Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Идеја

Нашата идеја е да го направиме образованието и учењето задоволство и возбудливо патување само по себе наместо пречка која треба да се надмине или само средство за постигнување одредена цел.

Мисија

Нашата мисија е да учиме на вредности, да толкуваме вредности и да креаираме вредности, едуцирајќи луѓе, споделувајќи искуства и обучувајќи ги да ги истражат и максимизираат нивните потенцијали и оспособувајќи ги да дејствуваат со полн капацитет. Нашата мисија е да го тренираме мозокот, но и да ја негуваме и зачуваме душата, да ви помогнеме да растете и да растеме и ние со вас.

Визија

Нашата визија е да оставиме своја трага кон позитивна промена преку кршење на јазичните и културни бариери и да отвориме пошироки можности, да ги инспирираме луѓето да работат најдобро што можат, да бидат подобри, покреативни и поуспешни како личности и професионалци, а со тоа и посреќни.