Центар за обука ЕВА | Training Center EVA

Контакт

Центар за обука ЕВА,
Едукативна вокациска асистенција
ул. Костурски херои 60 (поранешна ул. 29 ноември)
1000 Скопје

Телефон

078 23 13 23

Pause | Play
|
Tray Button

English | Македонски

Зошто ЕВА?

ФОКУС НА РЕЗУЛТАТИ
Ние сме целосно фокусирани да го извадиме најдоброто од вас и да го дадеме најдоброто од нас. Нашата и ваша цел е резултатот. Ние сме насочени да ви помогнеме да стигнете до целта на најдобар начин, а притоа да го направиме процесот вреден сам по себе.
ИЗВОНРЕДНОСТ И ЗНАЕЊЕ
Нашата најголема вредност е извонредниот тим на висококвалификувани, креативни, динамични и позитивни професори, преведувачи/толкувачи, креативци - визионери и уметници, со свеж пристап и начин на работа. За нив се' помалку од одлично е неприфатливо.
ГЛАД ЗА ПРОГРЕС
Ние сме конструктивно критички настроени кон себе. Постојано се стремиме кон себеусовршување, растење, подобрување и усовршување на методите на работа и сме ревносни во нашата задача да го споделиме наученото на најефикасен начин, да ги препознаеме вашите потреби и да учиме од вас додека учите од нас.
ПОСВЕТЕНОСТ И ПОЧИТ
Ние сме целосно посветени кон потребите на нашите клиенти и имаме огромна почит спрема нив и нивната укажана доверба. Соработката и врските кои ги создаваме се квалитетни и траат. После завршување на курсевите и обуките, константно го следиме нивниот професионален развој и тука сме за консултација и професионална помош во секое време, а отвараме можности и за кариера, несебично поврзувајќи ги, препорачувајќи ги и вмрежувајќи ги во нашата богата мрежа од професионалци и организации од различни сфери.
ИНТЕГРИТЕТ
Не правиме компромис кога квалитетот е во прашање.
КРЕАТИВНОСТ И ОРИГИНАЛНОСТ
Го тренираме мозокот но го негуваме и духот. Нашата цел е да едуцираме но и да ве инспирираме да се надминете и да ве поттикнеме да се развивате и да ги осознаете вашите потенцијали. Откриваме и развиваме таленти здраво и постепено со цел да поттикнеме креација и слобода во различни начини на изразување. ЕВА е единствен едукативен центар во Македонија кој го обединува прагматичното, нужното и корисното со она духовното, творечкото, уметничкото.
СТРАСТ
Нашата работа е повеќе од само работа, ја доживуваме лично. Вас ве доживуваме лично. Вашиот успех е наш личен успех.

Клиенти

• Министерство за економија на РМ
• Министерство за правда на РМ
• HRDF (Фонд за развој на човечките ресурси)
• ГФК – GFK Group
• EAR (Европска агенција за реконструкција)
• Музеј на град Скопје
• Црвен крст на РМ
• Општина Охрид
• Месер Вардар Техногас – Меsser Group
• Факултет за туризам и угостителство - Охрид
• Парамециум продукција
• UBE (Сојуз на Балканските Еѓипќани)
• OECD (Организација за економска соработка и развој)
• ESA (Агенција за поддршка на претпријатијата)
• EPCI
• Music & Sound Magazine (Списание за музичка опрема и инструменти)

Препораки

"Во Центарот за обука ЕВА ја посетував интензивната обука за меѓународно признатиот сертификат по англиски јазик IELTS. Инструкторката Ева Нединковска ме изненади со нивото на подготвеност, професионалност, и особено инвентивниот начин и умешноста на поинаков начин да се совлада секој од модулите на IELTS. Секој час беше како цел курс по англиски јазик со многу новонаучени работи и стратегии за дисциплините на IETLS. Дополнителните материјали, вежби и препораки за понатамошни вежби беа од исклучително значење за мене. Сето тоа резултираше во позитивни резултати на тестот и со одлична оценка од ранг 7.5 што ми овозможува одлична прилика за процесот на добивање на работна виза во странство."
Милица Мариќ IELTS 7.5
Магистер по електротехника и информациски технологии Македонски Телеком АД Скопје


"Земањето на курсот за TOEFL во Центар за обука ЕВА беше одлична одлука. Без курсот сигурно ќе имав резултат од кој немаше да бидам задоволна, a курсот кој го предаваше Ева Нединковска ми помогна да постигнам 110 бодови. Секој дел од TOEFL подеднакво сериозно го работевме, но најмногу ми помогнаа часовите за Speaking, како и учењето на структурата за Writing без која немаше да постигнам се’ во предвиденото време."
Бранка Мирчевска iBT 110
Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии


"Во Центарот за обука ЕВА посетував подготвителен курс за полагање на TOEFL. Курсот ми беше многу корисен и ми помогна да се стекнам со TOEFL сертификатот, притоа успеав да остварам висок број на бодови со кои можам да аплицирам на голем број странски универзитети и програми за стипендии. На сите оние кои имаат потреба од TOEFL сертификат топло им го препорачувам подготвителниот курс во Центарот за обука ЕВА. Она што можам да го издвојам од моето искуство се стручноста, посветеноста и професионалноста на Ева Нединковска."
Драган Петровски iBT 107
Дипломиран машински инженер


"Слушнав за ЕВА додека посетував курс по германски јазик во друго јазично школо. Мојата пријателка веќе посетуваше подготвителни часови за полагање на TOEFL во Центарот ЕВА и ме охрабри да и’ се придружам. Бидејќи планирав да ги продолжам докторските студии во странство, се запишав на подготвителниот курс за TOEFL и не зажалив за тоа. Програмата беше фокусирана на изучување на вештини за полагање на четирите делoви од тестот и стратегии за да постигнете што поголем резултат. Секако, во текот на курсот ги пополнивме и празнините во граматиката кои ги имавме. Групите беа мали и професорката Ева беше целосно насочена да не оспособи и да ни ја вгради самодоверба потребна за да успееме. (Беше само прашање на време кога ќе се решам да го полагам тестот бидејќи резултатите беа загарантирани). Го положив TOEFL во февруари 2012 со резултат од 92 поени и бев многу задоволна. Во Центарот ЕВА продолжив да посетувам курс по германски јазик."
Флорије Рака
Докторка, трансфузиолог - Институт за трансфузиска медицина, Скопје


"Ја запознав г-а Нединковска во октомври 2011, кога одлучив да се запишам на курс по деловен англиски јазик. Поради нејзиниот однос никогаш не зажалив за одлуката. Нејзината професионалност и деловно ориентирани карактеристики ми помогнаа да ги проширам моите погледи. Ева има одлична комуникација со луѓе од сите возрасти. Способностa да се поврзе со нејзините студенти и нејзиниот талент при предавањето, како на едноставни концепти така и на сложени теми и прашања, се навистина супериорни. Силно ја препорачувам Ева и Центарот за обука ЕВА на сите идни студенти бидејќи тие ќе најдат се’ на едно место."
Билјана Андова
Економистка, сметководителка во INet Doo


"Ева е талентирана инструкторка. Поради нејзиното многугодишно искуство како наставник по англиски јазик, таа знае бројни креативни наставни методи со цел да го научите она што треба. Нејзината смирувачка личност ве прави да се чувствувате целосно удобно, дури и кога правите грешки. Секогаш охрабрува и е позитивна. Таа е најдобриот јазичен инструктор што некогаш сум го имал, а сум имал многу. Ако сакате да ги подобрите јазилните вештини брзо, ангажирајте ја Ева и посетете го Центарот за обука ЕВА."
Димче Ристески
Системски аналитичар, Комерцијална банка А.Д. Скопје


"Имам задоволство да работам со г-а Ева Нединковска веќе неколку месеци и таа во текот на ова време покажа многубројни позитивни карактерни црти. Таа е олицетворение на многу квалитети, и професионални и лични. Имено, таа е исклучително вредна, посветена, прониклива, правична и љубезна. Секогаш сака да ги подигне стандардите и луѓето со коишто работи треба да го делат истиот жар и нејзината смисла за работна етика. Поседува способност да ги препознае потенцијално успешните курсеви и следствено тие курсеви се нудат исклучиво во Центар за обука ЕВА. Го препорачувам овој центар за обука на секој кој сака да има позитивно образовно или работно искуство."
Елида Бахтијароска
Професорка по Британска и Американска книжевност, асистентка на ФОН и УКИМ


"Од самиот момент кога слушнав за Центарот ЕВА бев воодушевена, сметам дека е прв центар во Македонија што нуди се’ што ќе помислите, се’ што ви треба и при тоа квалитетот е на прво место. Кога имам било каков проблем, ЕВА е местото на кое помислувам прво. Го посетував континуирано Центарот ЕВА од септември 2011 до април 2012 година. Професорката Ева од час во час ме маѓепсуваше се повеќе, толку е млада, а полна со толку знаење и пред се’ желба за работа и многу трпение. Преполна со идеи во секој момент, материјали за работа колку ти душа сака, можност за совет во секое време, Ева е таа која ми е пример за тоа како треба да изгледа еден професор. Јас посетував курс за полагање на CAE (Certificate of Advanced English) и сметам дека школото и Ева многу ми помогнаа. Пред се часовите беа интересни и секој ден учев се’ повеќе и повеќе. Секако, го положив меѓународно признатиот испит успешно и сите среќни и задоволни. Но од нашето заедничко искуство во подготовка на CAE, Ева за мене не е само одличен професор, туку ја сметам и за блиска пријателка на која можам да и се обратам секогаш кога имам потреба. Мојот помал брат исто така оди во ЕВА на курс по англиски, па знам дека и другите наставници, исто како и неа, се одлични, затоа целосно го препорачувам Центарот и сигурна сум дека никој нема да зажали ако се запише."
Маша Беќковиќ
Студентка на Факлутетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)


"Купив онлајн ваучер за да ги усовршам јазичните вештини од деловниот англиски јазик и така ја запознав Ева и го посетив Центарот ЕВА. Навистина се изненадив од тоа колку позитивна и убава енергија излегува од тој Центар така што и после истекувањето на ваучерот решив да продолжам со часовите бидејќи почувствував голем напредок во јазичните вештини. Исто така, тоа е одлична и пријателска средина и место каде што имате шанса да се пронајдете и да се реализирате себеси. Силно го препорачувам Центарот ЕВА на сите идни кандидати и партнери бидејќи тие ќе најдат се’ што им треба на едно место."
Јулиана Дукадиноска
Филолог
Сектор за кориснички услуги, AVON Cosmetics, Скопје


"Со огромно задоволство ја препорачуваме г-ца Нединковска, основач и менаџерка на Центар за обука ЕВА и професорка по Деловен англиски, како одлична стручна соработничка, која во извршувањето на едукативните и деловните услуги покажува висока професионалност и доследност.
Нашата компанија, "Месер Вардар Техногас - Скопје" е дел од интернационалната компанија Messer Group, која со цел доусовршување на своите вработени и конкретно подобрување на нивните знаења од англиски јазик спроведува обуки за своите вработени. При тоа веќе 5 години успешно соработуваме со госпоѓица Ева Нединковска и максимално сме задоволни од нејзините едукативни услуги од областа на англискиот јазик и култура. Најзабележителни и нормално, најприменливи се позитивните резултати кај нашите вработени, кои ги достигнаа со посетата на курсот по Деловен англиски јазик, со што значително го подигнаа нивото на комуникација со странските клиенти, овозможија успешна презентација на компанијата и соработка и ги подобрија деловните вештини."

Даниела Данковиќ
Менаџер за комуникации и одговорна за човечки ресурси
Месер Вардар Техногас - Скопје
Messer Group


"Со Ева Нединковска, основач и менаџерка на Центар за обука ЕВА, преведувачка и толкувачка, имам соработувано на неколку проекти во текот на 2011 година. Таа е без сомнение една од оние преведувачи и толкувачи за кои ништо не претставува преголем проблем и ние често и' се обраќаме за совет и надвор од нејзината професионална сфера (таа има одлични комуникациски вештини и многу добро ја разбира логистиката при преводот и толкувањето).
Нејзиниот превод и толкување од англиски на македонски и од македонски на англиски се секогаш издржани и сигурни и во однос на квалитетот и временски. Таа е многу професионална во нејзиниот пристап и прифаќа само ангажман што временски може квалитетно да го сработи, иако секогаш излегува во пресрет и се труди да помогне и во кризни ситуации.
Соработката продолжува и со нејзиниот Центар за обука ЕВА бидејќи е на нивото на високите стандарди кои ние како компанија ги бараме од нашите консултанти и соработници."

Боге Божиновски
Искусен истражувач – консултант
ГФК Скопје
GFK Group


"Ева Нединковска, основач и менаџерка на Центар за обука ЕВА е извонредна и талентирана лингвистка, најдобриот професор што некогаш сум го имала. Нејзините поттикнувачки и забавни наставни методи значително ја освежија мојата граматика на еден ефективен и прогресивен начин.
Ева, ти благодарам многу за твојот професионализам и забавното учење.
Одлично сработено!"

Глорија Фосен
Тренер и предавач за женско здравје
Амстердам, Холандија


"Ева Нединковска, основач и менаџерка на Центарот за обука ЕВА, е екстремно фокусирана и вредна и е многу пријатно да се работи со неа во ситуации кога има строги крајни рокови. Како преведувач, таа ја знае важноста на силната професионална етика, постојаноста и интелектуалниот интегритет. Нејзината комбинација од квалитет, брзина и професионализам е повеќе од извонредна. Таа лесно се прилагодува на нови работни ситуации и има одлични вештини на комуниација со нови клиенти, што ја прави многу пријатна за соработка. Таа е тимски играч, прекрасна личност и би била од огромна вредност и корист за секоја сериозна организација на која и треба јазична или друга стручна консултантска услуга. Силно ја препорачувам!"
Диран Тавитјан
Сопственик и уметнички директор
Парамециум продукција – Скопје


"Сакам јавно да го искажам моето задоволство од професионалноста, љубезноста, начинот и методите на работа во Центарот ЕВА. Ева и нејзиниот тим имаат визија, цел и одлични услови за работа. Морам да ја искажам и мојата посебна благодарност кон професорот по пијано, Иван Еминовиќ, кој трпеливо работи со мојата ќерка Теодора. Исто така големи пофалби за успешната и одлично осмислена завршна манифестација и концерт. Браво ЕВА и само напред. Ви посакувам успешно да се движите и развивате понатаму."
Соња Спиридонова
Мајка на ученичка по пијано во ЕВА


"И порано имам полагано меѓународни тестови за англиски јазик, но сметав дека најдобри се индивидуални часови, меѓутоа одржувањето часови во група во EVA центар ми го докажа спротивното. И покрај тоа што имавме групна подготовка за TOEFL тестот, часовите беа многу продуктивни и ефективни, секој имаше шанса да учествува во дискусија и да научи нешто плус од останатите членови во групата, што навистина ми помогна во совладување на материјалот. Една од најбитните работи што морам да ја потенцирам е тоа дека професорката придонесе многу за добра координација и ефикасност за време на курсот и нејзиниот пријателски пристап и достапност во било кое време уште повеќе ме мотивираше."
Драгана Ѓокиќ
iBT 92


"Во Центарот за обука Ева посетував интензивен едномесечен курс по англиски јазик со цел подготовка за TOEFL испитот, кој ми беше потребен за аплицирање за магистерски студии. Од лично искуство можам да кажам само пофални зборови за стручноста и посветеноста на Ева, која несебично ги делеше своите знаења во текот на предавањата.Часовите не беа класично учење англиски јазик, туку конкретна подготовка со пробни тестови и решавање на сите дилеми. Она што најмногу ми се допадна кај нејзе е тоа што умееше да обрне внимание на секој поединечно и да му помогне во солвадување на она во кое наоѓаше потешкотии. Доказ за тоа се и одличните резултати на сите учесници во групата. Задоволство ми е да го препорачам овој курс на секој кој во иднина ќе сака да го спрема испитот."
Ана Стојановиќ
iBT 86


"По дипломирањето имав тешкотии да се одлучам што следно да направам. Разледувајќи ги сите можности, решив да го продолжам образованието на факултет надвор од Македонија. Меѓутоа секој универзитет бара глобално признат сертификат за англиски јазик. Иако имав солидно познавање на англискиот јазик и најдов многу вежби и материјали на интернет за TOEFL тестот, решив дека најдобриот начин да се подготвам е ако посетувам курс. Речиси месец и половина го посетував подготвителниот курсот за TOEFL во EVA Центар. Заедно со предавачот, го разработивме секој дел од тестот. Таа беше многу посветена и не само што ни помогна со вежбите во книгата, туку ни обезбеди и дополнителни материјали. Исто така одржувавме и дополнителни часови за подобрување на вокабуларот. Мислам дека немаше да успеам да постигнам 96 поени на TOEFL тестот без помошта и подготовката во EVA Центарот. Презадоволна сум со услугата и професионализмот во овој Центар. Позитивната и охрабрувачка атмосфера го направи моето искуство незаборавно. Курсевите беа по пристапни цени. Мило ми е што го направив вистинскиот избор, а со тоа постигнав висок резултат на TOEFL."
Христина Петровска
iBT 96


"Како апсолвент со амбиција за продолжување на магистерските студии во странство имав потреба да полагам IBT TOEFL. Бидејќи дел од факултетите бараа најмалку 100 бодови, а имав кратко време за припремање се одлучив за интензивните курсеви во ЕВА, наменети за подготовка и изучување вештини за секој од четирите делови од кои се состои тестот. Притоа ја изучивме структурата, како и стратегии за полагање кои придонесоа да се чувствувам сигурно на денот на тестирањето. Подготвеноста на Ева и нејзината адаптација да се посвети повеќе внимание на откривање и надминување на слабостите на секој поединец се докажаа во резултатите на целата група. Особено задоволна сум од динамиката со која се одвиваа часовите, начинот на кој Ева успеа овој курс да го направи интересен и преку постојана комуникација, нови материјали, задачи и есеи да ни помогне во усовршување на техниките во секоја од областите во кои се тестира познавањето на англискиот јазик. Ова искуство придонесе да го положам тестот во ноември 2012, со 103 поени, а со тоа и без двоумење да го препорачам курсот на сите оние кои планираат да го полагаат тестот. "
Паулина Грнарова
iBT 103


"Потребата за добивање на меѓународно признат сертификат по англиски јазик IELTS ме доведе во Тренинг центар ЕВА каде што ја посетував интензивната обука за полагање на овој сертификат. Професионалноста на Ева Нединковска, нејзината непосредност и подготвеност, ми дадоа уште поголема волја со леснотија да се подготвам за тестот. Ева е исклучително талентирана личност, врвен професор и педагог кој на вистински начин им посветува внимание на сите слушатели и ученици, на тој начин надградувајќи го нивното знаење. Подготовката за стекнување на овој сертификат беше дополнета со квалитетните материјали и вежби, вклучени во образовниот процес. Сето тоа резултираше да го положам овој тест и да се здобијам со IELTS сертификат со ранг 7.5, кој ми овозможува аплицирање на врвни светски универзитети и организации."
Марија Каркалашева
IELTS Grade 7.5